FreelanceFrom.MK
Добродојдовте на Freelance from MK.
Ова е база на одговори на повеќето правни прашања со кои фриленсер кој живее и работи во Македонија може да се соочи во својата кариера.
Овде има информации за примањето исплати од странство, плаќањето даноци и придонеси, основање фирма во Македонија и во странство, договори и фактури, како и правните аспекти на поседувањето на сопствен веб сајт.
Ако читате на десктоп, лево има мени за навигација.
Ако читате на телефон, лево горе има мени од каде што може да изберете што сакате да читате.
Неколку линкови до побитната содржина:
Што ако до сега не сум плаќал данок?
Примање пари во македонска банка
Примање пари во странска банка
Примање пари преку финтек компании (како Payoneer и Wise)
Основање на фирма во Македонија
Основање на фирма во странство
Основање на фирма во Америка (можете со Neubase)
Како е регулирана фриленс работата во Македонија
TL;DR: Најголем проблем е како да се донесат парите во Македонија со што е можно помали трошоци пред државата да си ги побара своите 10%. Има повеќе начини да ги добиете вашите пари во Македонија. За нив се плаќа 10% данок (нема легален начин да го избегнете данокот). Не мора да плаќате други давачки, но ако сакате можете да си плаќате здравствено и пензиско осигурување. Можете да се осигурате самостојно, преку агенција, преку ваша фирма во Македонија или странство. Основање на фирма во странство може да елиминира голем дел од овие проблеми. Имате избор.
Проблеми постојат, но решливи се. Содржината на веб страницата ќе ви разјасни кои се можните решенија или како да ги побарате.
На крајот се дадени и можни сценарија во врска со тоа како ќе го уредите својот фриленсерски статус. Секое сценарио дава преглед на трошоците, правата кои ги стекнувате со тие трошоци и колку пари ви остануваат за трошење на крајот.
За да одите веднаш до сценаријата, кликнете на некој од следните линкови:
Сценарио 1 - плаќате само данок без да се осигурате
Сценарио 2 - основате фирма во Македонија
Сценарио 3 - го регулирате статусот преку агенција или фирма на познаник
Сценарио 4 - плаќате данок и се осигурувате
Сценарио 5 - основате фирма во странство
Сценарио 6 - не плаќате ништо
За опширно да се информирате за сите правни прашања од областа на фриленсингот во Македонија, изберете некоја од опциите во лентата за навигација од лево.
Ако имате прашања кои не се одговорени овде, контактирајте ме на petar@pragmaticlab.io и ќе го додадеме одговорот овде.
Last updated