💻
FreelanceFrom.MK
  • FreelanceFrom.MK
  • FreelanceFrom.MK
    • За FreelanceFrom.MK
    • Упатство за користење
    • Правила за користење
    • Политика за приватност
  • Позиција на фриленсерите во Македонија
    • Фриленсер според македонските закони
    • Фриленсер - вработен
    • Фриленсер - давател на услуги
    • Фриленсер - бизнис
    • Споредба меѓу фриленсер и вработен
  • Даноци
    • Вовед во даноци
    • Данок на личен доход
    • Митот за 183 дена престој
    • Данок на добивка
    • ДДВ
    • Што ако не платам данок?
    • Што ако до сега не сум плаќал данок?
    • Што ако го пријавам данокот, а не го платам во дадениот рок?
  • Социјално осигурување
    • Придонеси за социјално осигурување
    • Здравствено осигурување
    • Пензиско осигурување
    • Кредитоспособност
  • Примање пари
    • Вовед во примање исплати
    • Банка во Македонија
    • Банка во странство
    • Финтек
    • Провизии на македонските банки
  • Фирма
    • Вовед
    • Основање и водење фирма во Македонија
    • Основање и водење фирма во странство
    • Основање и водење на фирма во Америка
    • Споредба помеѓу јуриздикции
  • Договори
    • Елементи на договорот
    • Договор кога работите на фриленс платформа
    • Фактури
  • Сопствен вебсајт
    • Правни аспекти
    • Услови за користење
    • Политика за приватност и банер за колачиња
  • Можни сценарија
    • Сценарио 1
    • Сценарио 2
    • Сценарио 3
    • Сценарио 4
    • Сценарио 5
    • Сценарио 6
Powered by GitBook
On this page
  • И понатаму да не плаќате данок и УЈП и понатаму да не го забележува тоа
  • УЈП да забележи дека не сте плаќале данок
  • Да им кажете на УЈП дека имате неплатен данок и да го платите

Was this helpful?

  1. Даноци

Што ако до сега не сум плаќал данок?

PreviousШто ако не платам данок?NextШто ако го пријавам данокот, а не го платам во дадениот рок?

Last updated 3 years ago

Was this helpful?

Доколку до сега не сте плаќале данок и УЈП не го забележал тоа, можни се три сценарија:

И понатаму да не плаќате данок и УЈП и понатаму да не го забележува тоа

Ова значи дека затајувате данок, што ве прави сторител на кривично дело. Доколку некогаш УЈП открие дека не плаќате данок, а требало, може да ви иницира постапка која ќе заврши кај јавен обвинител и суд.

Неплаќањето данок без УЈП да забележи дека не плаќате данок е возможна ситуација во која ќе ги заштедите парите кои требало да одат во државниот буџет, но ќе бидете под постојан ризик од казна затвор.

УЈП да забележи дека не сте плаќале данок

Ако УЈП забележи дека не сте плаќале данок, можат да соберат докази дека сте имале приходи кои не ви се оданочени, а потоа тие докази да ги проследат до јавен обвинител. Од таму постапката продолжува пред суд.

Да им кажете на УЈП дека имате неплатен данок и да го платите

Можете да им се обратите на УЈП и да им кажете дека имате непријавен данок кој треба да го платите. Тие ќе ве информираат што точно треба да направите. Тоа ќе зависи од тоа за кој период треба да платите данок. Во најголем дел од случаите, ќе треба да го пријавите доходот најбргу што можете, тие ќе ви направат пресметка колку треба да платите и вие ќе можете да си го платите данокот без други последици.

Согласно закон, УЈП може да определи паричен додаток на данокот во максимум 10% од она што треба да го платите како данок, а кој се додава на сумата која треба да ја платите (100% данок + 10% додаток). Сепак, овој чекор не е задолжителен за УЈП и генерално не се решава на тоа.

Постои можност и да го одложите плаќањето на данокот, како и да побарате од УЈП да ви овозможи да го плаќате заостанатиот долг на рати. За тоа треба да поднесете барање до УЈП, па тие ќе донесат решение со кое ќе го одобрат тоа или нема да го одобрат.

За ова прашање можете да контактирате некој од службениците на УЈП на . Тие ќе ви објаснат како точно да го пријавите данокот и како да го платите.

оваа листа
ДАЈТЕ МИСЛЕЊЕ ЗА СОДРЖИНАТА