Доколку уредно го пријавите данокот во законскиот рок, но не го платите во рокот определен за плаќање, тогаш постојат неколку можности:
да чекате УЈП да ви достави опомена за плаќање (даваат рок од осум дена за плаќањето)
да побарате од УЈП одложување на плаќањето и за тоа да се договорите со нив и тие да донесат решение
Да побарате од УЈП заостанатиот долг да го плаќате на рати, за што треба да се договорите со нив и тие да донесат решение.
Ако го пријавите данокот, а не го платите, не правите кривично дело Даночно затајување. Само ќе должите пари на УЈП.
ДАЈТЕ МИСЛЕЊЕ ЗА СОДРЖИНАТАarrow-up-right
Last updated 3 years ago