Основање и водење на фирма во Америка

Основање на компанија во Америка дава најмногу поволности за непречена фриленс работа или работа како агенција.

Јас имам основано таква компанија за да можам полесно да примам исплати од странство без да плаќам даноци за компанијата, a при тоа да имам ниски трошоци за водење.

Сметам дека LLC во Вајоминг а најдобрата можност за работа на глобален пазар од Македонија. Поради тоа ја основав Neubase, компанија која овозможува да основате ваша компанија во Вајоминг и да работите било што преку неа исто како да сте американски државјанин.

Во продолжение следува начинот на основање и водење и сите трошоци поврзани со тоа.

Основање на компанија во Америка

Започнувањето со работа има три фази: основање на компанијата, вадење ЕИН број и отворање на банкарска сметка.

Основање

Компанијата може да ја основа и секој македонски државјанин. При тоа, самата регистрација мора да ја направи регистрационен агент кој работи од територијата на сојузната држава во која се регистрира компанијата, во случајов Вајоминг.

На регистрациониот агент му требаат само вашите податоци кои сакате да стојат во основачките акти. Тие основачки акти не се поднесуваат до регистарот на компании (како што се поднесуваат до Централен Регистар кај нас, на пример). Во сите случаи, регистрациониот агент ќе пополни терк на основачки акт со ваши податоци, кои вие подоцна можете да го менувате и потпишувате. Меѓутоа, за разлика од кај нас, тие промени не се пријавуваат никаде.

Името на регистрациониот агент стои во регистарот на компании, а вашето на основачкиот акт. Вашето име нема никаде да биде објавено јавно, освен ако сами не си ги поднесувате годишните пријави во наредните години. LLC компаниите во Вајоминг уживаат целосна анонимност.

Регистрацијата на компанијата трае два до три дена максимум. За тоа време регистрационито агент проверува дали името кое сте го одбрале е на располагње, ги поднесува документите до регистарот и назад го добива сертификатот за основаната компанија.

За регистрацијата се плаќа такса од 100 долари. Регистрациониот агент ќе ви наплати и годишна претплата, како и надомест за поднесување на документите. Зависно од тоа кој агент ќе го одберете, до овде постапката ќе ве чини од 200 до 400 долари.

ЕИН број

Потоа треба да аплицирате за ЕИН број. Тоа е даночен број. Без него не можете да отворите сметка во банка, што значи дека без него не можете да работите.

За жал, вадењето на ЕИН бројот бара повеќе време кога апликантот е странец без SSN или ITIN број. Во голем број од случаите се добива за 7-10 работни дена, но чекањето може да потрае и до пет недели. Така што, пресметајте повеќе време за ова.

За да се извади бројот, треба да се поднесе SS-4 образец до ИРС. Потоа се чека. Единствено од ИРС зависи кога ќе го добиете бројот. Ако вадите сами, можете да им се јавите на ИРС за да ви дадат ЕИН по телефон. Можете и да ангажирате некого да го стори ова за вас. Цената на оваа услуга на регистрационите агенти се движи од 70 долари нагоре. Генерално, ставаат високи цени за да ги одбијат клиентите.

Сметка во банка

Со ЕИН број можете да отворите сметка во било која банка која отвора сметки на американски компании. Не мора да патувате во САД за да отворите сметка. Постојат неколку онлајн банки кои ќе ви отворат сметка од Македонија.

Такви се Mercury, Airwallex, Novel, Multis, и други.

Откако ќе аплицирате за сметка, ќе почекате два до три дена за одобрување на сметката. Сметките се отвораат во најголем број случаи, но понекогаш се случува некоја компанија да биде одбиена.

Дел од причините може да бидат:

  • Се бавите со бизнис кој самата банка го смета за ризичен (коцкање, обложувалници, давање финансиски услуги, телемаркетинг, трговија со производи од марихуана, нелегални активности, итн.)

  • Немате веб страна, поради што банката нема како да добие впечаток за она што го работите. Потрудете се да направите каква таква веб страна пред да аплицирате. Carrd чини 19 долари за една година, домеин ќе ве чини уште десетина долари. За 30 минути и триесетина долари можете да имате веб страна за почеток.

Кога ќе добиете банкарска сметка, можете да побарате и да ви испратат платежна картичка. Пред да ја побарате, искомуницирајте со корисничката поддршка околу начините и цената на доставата.

Банкарската сметка потоа можете да ја поврзете со Страјп, Пејпал, итн.

Ако не сакате самите да се снаоѓате низ овој процес, ние во Neubase можеме да го завршиме целиот процес за вас. Можеме да ја основаме компанијата, да ви извадиме ЕИН и да ве водиме низ процесот на аплицирање за сметка во една или повеќе банки. Во банките сепак ќе морате сами затоа што не може друг да аплицира во ваше име.

Водење на компанијата

И овде имаме три дела: годишна пријава, даночна пријава и сметководство.

Годишна пријава

Еднаш годишно треба да поднесете годишна пријава во Државниот секретар на Вајоминг. Се поднесува секоја година најдоцна до првиот ден од месецот во кој е основана компанијата. Ако ја основате на 17 девруари, годишната пријава ќе треба да ја поднесувате секоја година најдоцна до 1 девруари (во последните три месеци пред овој датум). Ако ја основате на 10 април, годишната пријава ќе треба да ја поднесте најдоцна до 1 април секоја година.

Таксата за поднесување изнесува 60 долари ако пријавата ја поднесете сами. Ако сакате регистрациониот агент да го стори тоа за вас, тогаш ќе треба да ја обновите годишната претплата кај него и да платите надомест за поднесувањето. Оваа услуга може да ве чини дополнителни 200 долари.

Ако сите работи си ги бркате сами, тоа се сите трошоци за водење на LLC во Вајоминг од Македонија.

Даночна пријава

За секоја календарска година треба да поднесете даночна пријава. За LLC кој има само еден основач се поднесувате про-форма 1120 (се пополнува само мал дел) и 5472 за приход кој може да се оданочи (ако воопшто имате тип на приход кој се оданочува). Рокот за поднесување е околу 15 април секоја година за претходната календарска година. На пример, за приходите од 1.1.2023 до 31.12.2023 година, пријавите се поднесуваат до кај 15.4.2024 година.

За компании со двајца или повеќе основачи, се поднесува образец 1065 за секој од основачите. Крајниот рок обично е околу 15 март секоја година за претходната календарска година.

Даночната пријава се поднесува:

  • по пошта, сам

  • по факс, сам (може и efax)

  • онлајн преку овластен сметководител

Сметководство

Општото непишано правило за сметководство е:

  • Ако имате мал број на трансакции, можете и сами да водите сметководство во Ексел, Quickbooks, Xero, итн. Дури и да не водите сами никакво сметководство, на крајот на година можете сами или некој друг врз основа на извод на трансакции од банката да ви ги изготви даночните обрасци.

  • Ако имате поголем број на трансакции (на пример имате ecommerce бизнис покрај другите работи и продавате по стотина парчиња месечно), добро е да го аутсорсирате сметководството. Може да користите Quickbooks или Xero и некој да ви ги средува трансакциите таму. Не би требало да ве чини повеќе од 100 долари месечно (има услуги со секакви цени за секаков бизнис). Сепак, таков трошок не би требало да имате додека не почнете да правите многу трансакции за повеќе пари.

Прочитајте повеќе информации на Neubase.

Last updated