Сценарио 3

Се осигурувате преку Агенција за привремени вработувања или employer of record (во суштина, исто е).

Што плаќате

Доколку се осигурате на бруто приходот, тогаш некаде околу една третина од вашите вкупни примања ќе одат во државниот буџет и државните фондови. Можете да се осигурате и на минимална плата, останатото да го исплатите како хонорар и повеќе пари да ви останат за трошење.

Ќе платите и провизија или претплата за услугата која агенцијата ја врши за вас.

Што добивате

Ги добивате истите работи како и кога би основале ваша фирма во Македонија, само што некој друг за вас ќе ги заврши административните работи и тоа за помалку пари (не плаќате 50 евра за сметководител, фирмарина, итн). Ќе добиете:

  • бесплатно (односно со мала партиципација) лекување во државните болници и приватните кои имаат договори со фондот

  • ќе ви тече стаж за пензија од државата (пензија од 70% од сумата на која плаќате придонеси и одите во пензија кога законот ќе ви дозволи)

  • ќе можете да користите боледување и породилно отсуство (под одредени услови)

  • можно е да станете кредитоспособен

Сепак, ќе немате сопствена фирма во Македонија.

Ако плаќате за приватно здравтвено осигурување и инвестирате во фондови или на финансиските пазари, тогаш ќе се лекувате во приватни болници и ќе имате повеќе пари за пензија. Сепак, кога станува збор за пензија, внимателно направете пресметка колку треба да инвестирате за да ја имате пензијата која сакате да ја имате.

За кого е добра оваа опција

Фриленсери кои сакаат да:

  • се фокусираат на својата работа, а некој друг да се занимава со административни работи за нив

  • да бидат осигурани и можеби кредитоспособни

  • да ги платат сите давачки кон државата (макар и минималните)

  • не им треба своја фирма (односно некој друг им ја води)

ДАЈТЕ МИСЛЕЊЕ ЗА СОДРЖИНАТА

Last updated