Сценарио 4
Примате пари на сметка во македонска банка како физичко лице. Си плаќате персонален данок на доход и паушал во ФЗО. Имате приватно здравтвено осигурување. Дел од парите ги инвестирате во фондови и на други пазари.
Што плаќате
Под претпоставка дека во инвестициски фонд уплаќате онолку колку што би уплаќале во државниот фонд, секоја месеци би плаќале:
10% данок на личен доход
1600 денари за државно здравствено осигурување
околу 1000 денари за приватно здравствено осигурување
околу 20% за инвестициски фонд, кои пари на крајот само вие ќе можете да ги трошите
Што добивате
Добивате чиста сметка со УЈП, приватно здравствено осигурување и заштеда/инвестиција за пензија.
Не ви тече стаж за државна пензија.
Не можете да имате сметка во странска банка, а можете да користите само финтек провајдери кои опслужуваат Македонци.
Нема да бидете кредитоспособен за банките.
За кого е добра оваа опција
Ова е добра опција за фриленсери кои сакаат:
да работат сосема легално
да и плаќаат минимум на државата, а повеќе да задржуваат за себе и за своја корист
да користат услуги во приватни болници да земаат поголема пензија од приватен фонд
Last updated
Was this helpful?