Фриленсер - бизнис

Фриленсерите најчесто се решаваат да основаат компанија поради две причини:

  • да покажат поголема професионалност пред клиентите, да вработат луѓе и да аутосирсираат дел од обврските и

  • социјално да се осигураат.

Основачот на компанијата не мора да биде и вработен во компанијата. Може да избира помеѓу:

  • да се вработи во компанијата на минимална плата (или на која сака плата), да плаќа придонеси на сумата на која е осигуран и остатокот да го зема како бонус или хонорар (подлежи само на 10% данок)

  • да се вработи и да си ја исплаќа како плата целата сума која ја заработува, при што давачките ќе надминат 1/3 од бруто платата

  • да не се вработи и целата сума да си ја исплаќа како хонорар или дивиденда и да плаќа само 10% данок, без да плаќа социјални придонеси.

Фирмите во Македонија плаќаат 10% данок на добивка, а потоа основачот од тоа што ќе остане и ќе се распредели ќе плати уште 10% персонален данок на доход (плус придонеси, ако сака).

Ако основате фирма во странство, како на пример US LLC (ако има само еден основач) или со некој друг основате UK LLP (најмалку двајца основачи), за кои ефективнаат даночна стапка може лесно да се доведе до 0%, тогаш ќе ги заштедите оние 10% данок на добивка кон УЈП, ќе добиете пристап до финансиски сервиси како Страјп, Брекс, Пејпал и други. Ќе можете во Македонија да си испраќате само онолку пари колку пшто ви требаат за живот, а останатите да стојат на сметка на фирмата неоданочени. Тие пари потоа можете да ги инвестирате на финансиските пазари во странство, под одредени услови. Можеме да помогнеме со тоа преку Neubase.

Повеќе за тоа во Основање и водење фирма во Америка (затоа што е најдобра опција за вас) и Споредба на јуриздикции.

Вашиот статус на овој начин можете да го уредите според сценарио 2 и сценарио 5.

ДАЈТЕ МИСЛЕЊЕ ЗА СОДРЖИНАТА

Last updated