💻
FreelanceFrom.MK
  • FreelanceFrom.MK
  • FreelanceFrom.MK
    • За FreelanceFrom.MK
    • Упатство за користење
    • Правила за користење
    • Политика за приватност
  • Позиција на фриленсерите во Македонија
    • Фриленсер според македонските закони
    • Фриленсер - вработен
    • Фриленсер - давател на услуги
    • Фриленсер - бизнис
    • Споредба меѓу фриленсер и вработен
  • Даноци
    • Вовед во даноци
    • Данок на личен доход
    • Митот за 183 дена престој
    • Данок на добивка
    • ДДВ
    • Што ако не платам данок?
    • Што ако до сега не сум плаќал данок?
    • Што ако го пријавам данокот, а не го платам во дадениот рок?
  • Социјално осигурување
    • Придонеси за социјално осигурување
    • Здравствено осигурување
    • Пензиско осигурување
    • Кредитоспособност
  • Примање пари
    • Вовед во примање исплати
    • Банка во Македонија
    • Банка во странство
    • Финтек
    • Провизии на македонските банки
  • Фирма
    • Вовед
    • Основање и водење фирма во Македонија
    • Основање и водење фирма во странство
    • Основање и водење на фирма во Америка
    • Споредба помеѓу јуриздикции
  • Договори
    • Елементи на договорот
    • Договор кога работите на фриленс платформа
    • Фактури
  • Сопствен вебсајт
    • Правни аспекти
    • Услови за користење
    • Политика за приватност и банер за колачиња
  • Можни сценарија
    • Сценарио 1
    • Сценарио 2
    • Сценарио 3
    • Сценарио 4
    • Сценарио 5
    • Сценарио 6
Powered by GitBook
On this page
  • Како физичко лице
  • Како правно лице

Was this helpful?

  1. Примање пари

Банка во Македонија

PreviousВовед во примање исплатиNextБанка во странство

Last updated 3 years ago

Was this helpful?

Пари на сметка во македонска банка можете да примите како физичко лице или како правно лице (на име на фирма).

TL;DR: Треба да го направите следното:

  • да му дадете на клиентот SWIFT и IBAN код, назив и адреса на банката

  • тој ќе ви ги испрати парите

  • кога парите ќе стигнат во Македонија, ќе ви се јават од банката за да одите во банка да потпишете изјава за потекло на парите

  • парите ќе ви легнат на девизна сметка и од таму можете да ги префрлите на денарска

Како физичко лице

Начинот на примање на исплатите како физичко лице во Македонија зависи од тоа дали парите ги примате директно од клиентот или од фриленс платформа (Апворк, Фајвер, и сл.).

  • Ако парите ги примате директно од клиент врз основа на договор (формален договор потпишан од двете страни или неформален договор кој не е потпишан за кој само сте издале фактура), клиентот може парите да ви ги испрати директно во македонска банка.

  • Ако работите на платформа како Апворк или Фајвер, клиентот ви плаќа преку платформата. Потоа вие ги повлекувате парите на ваша сметка. Една од опциите е да ги повлечете на сметка во македонска банка.

За да ви испратат пари на сметка во македонска банка потребно е на клиентот или на платформата да им дадете SWIFT и IBAN.

SWIFT е код за банката. Секоја банка има свој SWIFT код по кој се идентификува при меѓународниот трансфер на пари.

IBAN кодот ја идентификува вашата сметка во банката.

Двата кодови заедно идентификуваат во која точно банка и на која точно сметка треба да легнат парите.

Освен за трансфер од банка кон банка, SWIFT и IBAN понекогаш се потребни и за трансфер од финтек кон банка. Таков е случајот со Wise (поранешен Transferwise).

Ако клиентот е од САД, клиентот може да побара да пополните и . Овој формулар нему му е потребен за да може да докаже на американските даночни власти дека вие не плаќате данок во САД и дека тој не мора да ви задржи данок од сумата која треба да ви ја исплати. Доколку ви побара да пополнете таков формулар, пополнете го за да не ви задржат пари за данок кој не треба да го платите.

Кога парите ќе пристигнат во вашата банка во Македонија, тие треба да се распределат на вашата сметка. Пред да се случи тоа, битни се две работи:

  • Да имате девизна сметка во валутата во која ги примате парите. Ако ви плаќаат во евра, ви треба девизна сметка во евра. Ако ви плаќаат во долари, ви треба девизна сметка во долари. Девизна сметка се отвора за неколку минути во експозитура. Парите првично ќе ви легнат на девизна сметка, а потоа од таа можете да ги префрлите на денарска сметка за да ги трошите со платежна картичка.

  • Да потпишете изјава за потекло на приливот. Банката мора да почитува закони за борба против перење пари и тероризам заради кои е должна да побара ваша изјава за тоа од каде и по кој основ сте го добиле приливот. Изјавата се пополнува на образец каде што додавате само:

    • 1) од кого ги примате парите (тоа ќе биде името на клиентот, името на палтформата, името на вашата фирма во странство, и сл.) и

    • 2) основот (нешто општо, како консултантски услуги, дизајнерски услуги, и сл.).

    Треба да потпишете ваква изјава за секој прилив посебно. Ако имате договор на повеќе месеци со некоја фирма, при што од истата фирма добивате постојани периодични приливи, доволно е само еднаш да потпишете ваква изјава. Можете на банката да и дадете и траен налог за веднаш парите да ви ги претвораат во денари. Откако ќе ја потпишете изјавата, парите за неколку часа ќе ви легнат на сметка. Се случува банката да побара и договор со клиент или нешто слично. Ако дојде до тоа, објаснете им од каде и зошто добивате пари. Генерално, флексибилни се во вакви ситуации.

Како правно лице

Ако имате отворено фирма во Македонија, можете да примите пари на вашата сметка на сосема ист начин како и физичките лица.

За парите да ви легнат на сметка ќе треба да платите провизија. Прочитајте ги сите провизии од сите банки во Македонија на .

Покрај примање пари директно на сметка, опција за едноставни плаќања се и , кои функционираат слично како Страјп.

W-8BEN формулар
овој линк
Монри
Bridge Payments
ДАЈТЕ МИСЛЕЊЕ ЗА СОДРЖИНАТА