Банка во странство
Last updated
Was this helpful?
Last updated
Was this helpful?
TL;DR: Не смеете да имате ваша лична сметка во странска банка, а и за ваша фирма регистрирана во Македонија има многу ограничувања. Сметка во странска банка може лесно да отвори ваша фирма регистрирана во странство. За , која ја основавме за да им овозможиме на фриленсери и претприемачи да ги заобиколат препреките кои им ги сервира бирократијата.
Поопширно за ова:
Законот за девизно работење изрично забранува македонски државјанин кој живее или престојува во Република Северна Македонија да отвори и да има сметка во странска банка. Отворањето на банкарска сметка во Бугарија, Србија, Германија, Бразил, Буркина Фасо или било каде во светот претставува прекршок и се казнува со глоба од 1500 евра.
Во врска со отворањето на сметка во странска банка битно е да го знаете следното:
Можете да влезете во било која банка во светот и да си отворите сметка како физичко лице. Доколку тоа го дозволат политиките на таа банка, тие веднаш ќе ви отворат сметка. Странските банки не се грижат дали вам ви е дозволено да отворите сметка или не. Не се грижат ниту за УЈП или девизниот инспекторат. Тоа е ваша грижа и на УЈП, а не на банката.
Доколку македонските власти спроведат истрага против вас (треба нешто да им укаже на тоа дека баш вие имате сметка во странство) и се обратат до странската банка каде што имате сметка, таа ќе биде должна да им даде податоци за вас. ОЕЦД има развиено помеѓу група на земји, но Македонија не е дел од таа група. Ниту нашите банки имаат обврска за автомтска размена на податоци, ниту странските банки се обврзани автоматски да достават информации до нашите власти. За тоа неопходна е истрага.
Постојат некои исклучоци за одредени цели, како наследување на средства во странство или тргување со хартии од вредност. Сепак, фриленс работата не е опфатена со исклучоците.
Финтек провајдерите, како Paypal, Payoneer, Skrill и сличните не се опфатени со забраната за сметки во странска банка затоа што не се банки. Дозволено е да имате сметки во финтек компании. Повеќе за тоа на (точка 4 на страна 5).
Во теорија, можно е да имате сметка во странска банка, да примате пари на таа сметка и така да работите доколку сте комотни со заканата од парична казна.
Ако имате отворено фирма во друга држава, тогаш имате право да си отворите и банкарска сметка таму. Македонската регулатива за девизно работење не важи на странски фирми, макар биле и во 100% сопственост на македонски државјани. Ако ви треба помош со отворање на таква сметка, на располагае ви е .
Имајте предвид дека отворањето банкарски сметки најчесто значи дека ќе мора да отпатувате во другата земја и лично да се појавите во банката заради правилата поврзани со спречување на перење пари (). Исклучок засега се САД и Естонија, каде што имате можност и онлајн да отворите сметка во ограничен број на банки. Ако отворите фирма во друга земја, можете за почеток да користите финтек (како ) и да ја направите фирмата функционална и да работите, а кога ќе патувате таму да отворите и сметка во банка.
За да примите пари на сметка во странска банка, се што треба е на клиентот да му испратите фактура и број на сметка, а потоа тој ќе ви плати. Ако имате можност да користите Stripe, можете да му испратите и линк за плаќање, при што тој ќе добие checkout форма за плаќање со картичка заедно со фактура.
Можете да отворите сметка во странска банка и за вашата фирма основана во Македонија, но само за (точка 5 на страна 6) за кои треба потоа да добиете одобрение од Народна Банка.
Сепак, можете да имате банкарска сметка во странство преку ваша компанија која е регистрирана во таа земја. Вајоминг во САД е најдобар избор. Повеќе за тоа на или на веб страната на .