💻
FreelanceFrom.MK
  • FreelanceFrom.MK
  • FreelanceFrom.MK
    • За FreelanceFrom.MK
    • Упатство за користење
    • Правила за користење
    • Политика за приватност
  • Позиција на фриленсерите во Македонија
    • Фриленсер според македонските закони
    • Фриленсер - вработен
    • Фриленсер - давател на услуги
    • Фриленсер - бизнис
    • Споредба меѓу фриленсер и вработен
  • Даноци
    • Вовед во даноци
    • Данок на личен доход
    • Митот за 183 дена престој
    • Данок на добивка
    • ДДВ
    • Што ако не платам данок?
    • Што ако до сега не сум плаќал данок?
    • Што ако го пријавам данокот, а не го платам во дадениот рок?
  • Социјално осигурување
    • Придонеси за социјално осигурување
    • Здравствено осигурување
    • Пензиско осигурување
    • Кредитоспособност
  • Примање пари
    • Вовед во примање исплати
    • Банка во Македонија
    • Банка во странство
    • Финтек
    • Провизии на македонските банки
  • Фирма
    • Вовед
    • Основање и водење фирма во Македонија
    • Основање и водење фирма во странство
    • Основање и водење на фирма во Америка
    • Споредба помеѓу јуриздикции
  • Договори
    • Елементи на договорот
    • Договор кога работите на фриленс платформа
    • Фактури
  • Сопствен вебсајт
    • Правни аспекти
    • Услови за користење
    • Политика за приватност и банер за колачиња
  • Можни сценарија
    • Сценарио 1
    • Сценарио 2
    • Сценарио 3
    • Сценарио 4
    • Сценарио 5
    • Сценарио 6
Powered by GitBook
On this page

Was this helpful?

  1. Даноци

Данок на добивка

PreviousМитот за 183 дена престојNextДДВ

Last updated 2 years ago

Was this helpful?

Данок на добивка плаќаат само компаниите и тоа на остварениот профит. Данокот се плаќа на нето добивката, а тоа е она што ќе остане откако од бруто добивката ќе се одземат сите трошоци (вклучително и тие за плати, за купување ствари во врска со работата како лаптоп, слушалки, патувања во странство за средби со клиенти, итн.).

Доколку имате регистрирано своја компанија преку која давате фриленс услуги, тогаш таа компанија треба да плати данок на добивка. Компанијата е едно лице, фриленсерот кој е 100% сопственик е друго лице. Затоа компанијата плаќа данок на добивка, а потоа она што ќе остане како заработка на фриленсерот е предмет на оданочување со данок на личен доход.

Данокот на добивка што треба вашата компанија да го плати зависи од даночните стапки кои важат во земјата каде што сте ја основале фирмата.

Во продолжение неколку даночни стапки на фирми од различни јуриздикции (имајте предвид дека овие стапки може да варираат во зависност од вашите околности и работа):

  • ДООЕЛ во Македонија - 10% (првите 3.000.000 денари се ослободени од данок на добивка, а добивката помеѓу 3 и 6 милиони денари може по избор на сопственикот да се оданочи со 1% од бруто приходот)

  • US LLC (ако се исполнат неколку услови) - 0%

  • Delaware C-Corp - 8.7% државен данок + 21% федерален данок

  • UK LTD - 19% (може да се доведе до 0% на приходите остварени со клиенти вон UK)

  • Estonia OU - 20%

  • ООД во Бугарија - 10%

  • ДОО во Србија - 10%

Ако сте единствен основач на компанијата преку која давате фриленс услуги, ќе треба прво вашата компанија да плати данок на добивка, да си исплатите пари на вашата лична сметка, па на нив да платите персонален данок на доход и на заработката како физичко лице. Во меѓувреме, ако сакате можете да платите и придонеси за здравствено и пензиско осигурување.

За подобро да го сфатите односот помеѓу данокот на добивка и персоналниот данок на доход, погледнете го инфографикот во .

Споредба на јуриздикции
ДАЈТЕ МИСЛЕЊЕ ЗА СОДРЖИНАТА