💻
FreelanceFrom.MK
  • FreelanceFrom.MK
  • FreelanceFrom.MK
    • За FreelanceFrom.MK
    • Упатство за користење
    • Правила за користење
    • Политика за приватност
  • Позиција на фриленсерите во Македонија
    • Фриленсер според македонските закони
    • Фриленсер - вработен
    • Фриленсер - давател на услуги
    • Фриленсер - бизнис
    • Споредба меѓу фриленсер и вработен
  • Даноци
    • Вовед во даноци
    • Данок на личен доход
    • Митот за 183 дена престој
    • Данок на добивка
    • ДДВ
    • Што ако не платам данок?
    • Што ако до сега не сум плаќал данок?
    • Што ако го пријавам данокот, а не го платам во дадениот рок?
  • Социјално осигурување
    • Придонеси за социјално осигурување
    • Здравствено осигурување
    • Пензиско осигурување
    • Кредитоспособност
  • Примање пари
    • Вовед во примање исплати
    • Банка во Македонија
    • Банка во странство
    • Финтек
    • Провизии на македонските банки
  • Фирма
    • Вовед
    • Основање и водење фирма во Македонија
    • Основање и водење фирма во странство
    • Основање и водење на фирма во Америка
    • Споредба помеѓу јуриздикции
  • Договори
    • Елементи на договорот
    • Договор кога работите на фриленс платформа
    • Фактури
  • Сопствен вебсајт
    • Правни аспекти
    • Услови за користење
    • Политика за приватност и банер за колачиња
  • Можни сценарија
    • Сценарио 1
    • Сценарио 2
    • Сценарио 3
    • Сценарио 4
    • Сценарио 5
    • Сценарио 6
Powered by GitBook
On this page
  • Разлики помеѓу ТП и ДООЕЛ
  • Основање на ДООЕЛ во Македонија
  • Водење на фирма во Македонија

Was this helpful?

  1. Фирма

Основање и водење фирма во Македонија

Како соло фриленсер можете да регистрирате фирма како трговец-поединец (ТП) или како друштво со ограничена одговорност на едно лице (ДООЕЛ).

Разлики помеѓу ТП и ДООЕЛ

Најголемаа и најбитна разлика помеѓу двете форми на трговско друштво е тоа што трговецот-поединец одговара со сиот свој имот, а ДООЕЛ одговара само со имотот на фирмата.

Ако некому должите 12.000 евра, а на сметка имате 5.000 евра, тогаш:

  • ТП ќе плати дел од долгот со тие 5.000 евра на сметката, а другите 7.000 евра ќе ги доплати основачот од својата лична сметка,

  • ДООЕЛ ќе плати дел од долгот со тие 5.000 евра на сметката, а остатокот ќе го доплати само ако му легнат други средства на сметката. Ако нема нови средства на сметката, тогаш може да оди во стечај и долгот да се наплати од стечајната маса. Ако нема доволно стечајна маса да се наплати долгот, тогаш долгот никогаш нема да биде наплатен.

Друга битна разлика е тоа што трговецот-поединец плаќа придонеси за социјално осигурување на целата заработка. ДООЕЛ на својот управител може да му исплати само минимална плата и миниму социјални придонеси, а остатокот да му го исплати како хонорар, бонус или дивиденда, на кои се плаќа само 10% персонален данок на доход. Со тоа се заштедува на придонеси, доколку не сакате да го плаќате целиот износ.

Од аспект на фриленсерска работа, нема други поголеми разлики во она што го овозможува секоја од формите.

Имајќи предвид дека ТП носи многу повеќе ризици отколку бенефити, овде ќе се фокусираме на ДООЕЛ.

Основање на ДООЕЛ во Македонија

Процесот на основање фирма во Македонија е доста лесен и едноставен. Можете да си ја основате и сами, а можете да искористите и услуга на регистрационен агент (адвокат или сметководител). Ако ја основате сами ќе треба да си ги составите и основачките акти и да имате дигитален потпис.

Основањето на фирмата во просек чини околу 12.000 денари. Оваа сума варира во зависност од тоа кој ќе ви ја регистрира фирмата, каков влог ќе внесете, итн.

Во овие трошоци влегува и проценката на имотот кој го внесувате во фирмата. Согласно закон, ако основате ДООЕЛ морате во фирмата да вложите најмалку 5.000 евра во денарска противвредност. Тоа не мора да бидат пари, туку може да бидат и предмети кои ги имате во домот. Ќе треба да платите проценител да дојде кај вас дома и да направи „проценка“ да стварите. Кога ќе се соберат вкупно 5.000 евра, тоа ќе влезе како влог во фирмата.

Услугата на проценителот чини околу 6.000 денари. Уплатата на средствата на сметка може и да се одложи.

Иако беше најавено, се уште не се направени измени на законот кои ќе овозможуваат влог од само 1 евро. Колку за споредба, влогот во Естонија е 2.500 евра, а во Велика Британија и САД е 0.

Ќе ви треба и изработка на печат и штембил, кои чинат околу 1000 денари.

Водење на фирма во Македонија

Фирма во Македонија, во најмала рака, има трошоци за:

  • Сметководство. Иако ангажирање на сметководител не е задолжително, сепак стандардите по кои се бара да ги водите деловните книги бара ангажирање на сметководител. Нивните цени стартуваат од 3000 денари месечно па нагоре, зависно од тоа колкав обем на работа ќе има вашата фирма.

Имајќи го предвид сето ова, очекувајте да имате трошок од околу 600 евра годишно за водење на фирмата. На тоа додајте 10% данок на добивка за фирмата, па потоа уште 10% данок на личен доход за вас плус трошоци за придонеси (ако воопшто сакате да ги плаќате).

При тоа, ќе бидете ограничени на користење на услугите само на македонските банки.

PreviousВоведNextОсновање и водење фирма во странство

Last updated 3 years ago

Was this helpful?

Комунална такса за фирма (фирмарина) која се наплаќа од општината. Помалите општини наплаќаат околу 2000 денари, додека во Скопје достигнува до . Секоја општина самата одлучува колку ќе наплаќа.

8000 денари годишно
ДАЈТЕ МИСЛЕЊЕ ЗА СОДРЖИНАТА