Споредба помеѓу јуриздикции

Некои јуриздикции не се доволно познати, други се преценети. Овде ќе направиме споредба за да го изберете најдоброто решение ако сакате да основате своја компанија.

Ќе направиме споредба помеѓу компанија до Македонија, САД, Велика Британија и Естонија.

Ќе ги земеме предвид најевтините опции во секоја од државите.

Има и работи кои не се земени предвид. Тоа се пред се трошоци кои зависат од повеќе фактори, како на пример:

  • за основање на фирма во Естонија неопходно е да отпатувате во друга земја каде што имаат амбасада за да ја подигнете картичката за естонски е-резиденти. Потоа треба да плаќате за разни агенции за основање на фирмата, за водење на сметководство, годишни сметки, итн. Ќе ви треба локално лице за контакт и естонска адреса, која обично ја обезбедуваат агенции за најмалку 30 евра месечно. Треба и основачки капитал од 2.500 евра, кој може да се уплати на сметка подоцна (тие пари пак ваши, односно на фирмата).

  • фирма во Велика Британија може да се отвори онлајн и да се направи функционална со финтек сметка (Wise и сличните), но за вистинска банкарска сметка таму ќе мора да отпатувате во земјата

  • за фирма во САД се плаќа годишна такса која зависи од тоа во која федерална држава е основана фирмата (најчесто чини 50-100 долари), а треба да се ангажира и регистрационен агент, кој чини околу 50-100 долари годишно (поопширно овде)

  • фирмите во Македонија плаќаат давачки од типот на фирмарина. Висината е различна за секоја општина. Во градот Скопје изнесува 7000 денари, во Дојран е околу 2000 денари годишно. Кај нас и затворањето на фирмата може да биде долго и скапо.

Во инфографикот подолу правиме споредба помеѓу ДООЕЛ во Македонија, LLC во САД, LTD во Велика Британија, и OU во Естонија.

Во предвид се земени данокот на добивка и персоналниот данок на доход. На тоа додајте ги и придонесите за социјално осигурување, доколку сакате да ги плаќате. Во Македонија придонесите се плаќаат пред да се плати персоналниот данок на доход, а ако парите се исплатат како хонорар од странска фирма, тогаш откако ќе се плати данокот.

Имајте предвид дека пресметката е само информативна. Бројките може да бидат различни во вашиот конкретен случај во зависност од фактори како тоа дали покрај вас ќе се јави уште некој ко-основач, дали ги надминувате праговите за ДДВ, сметководство, итн.

Ако се решите да отворите фирма во Сингапур, има трошоци за локален секретар. Компаниите во Рас Ал Хајма (емират од Обединетите Арапски Емирати) имаат даночна стапка од 0% и плаќаат само годишен паушал од околу 1.500 долари без оглед на висината на добивката (најавено е дека наскоро ќе почнат да плаќаат и данок). ИТ компаниите од Романија плаќаат 3% данок на добивката.

Која опција и да ја изберете, добро информирајте се колку плаќате и што добивате за возврат.

Ако ве интересира нешто повеќе за основање на компанија во Америка, на Neubase има повеќе информации. Нешто накратко и на овој линк.

ДАЈТЕ МИСЛЕЊЕ ЗА СОДРЖИНАТА

Last updated