💻
FreelanceFrom.MK
  • FreelanceFrom.MK
  • FreelanceFrom.MK
    • За FreelanceFrom.MK
    • Упатство за користење
    • Правила за користење
    • Политика за приватност
  • Позиција на фриленсерите во Македонија
    • Фриленсер според македонските закони
    • Фриленсер - вработен
    • Фриленсер - давател на услуги
    • Фриленсер - бизнис
    • Споредба меѓу фриленсер и вработен
  • Даноци
    • Вовед во даноци
    • Данок на личен доход
    • Митот за 183 дена престој
    • Данок на добивка
    • ДДВ
    • Што ако не платам данок?
    • Што ако до сега не сум плаќал данок?
    • Што ако го пријавам данокот, а не го платам во дадениот рок?
  • Социјално осигурување
    • Придонеси за социјално осигурување
    • Здравствено осигурување
    • Пензиско осигурување
    • Кредитоспособност
  • Примање пари
    • Вовед во примање исплати
    • Банка во Македонија
    • Банка во странство
    • Финтек
    • Провизии на македонските банки
  • Фирма
    • Вовед
    • Основање и водење фирма во Македонија
    • Основање и водење фирма во странство
    • Основање и водење на фирма во Америка
    • Споредба помеѓу јуриздикции
  • Договори
    • Елементи на договорот
    • Договор кога работите на фриленс платформа
    • Фактури
  • Сопствен вебсајт
    • Правни аспекти
    • Услови за користење
    • Политика за приватност и банер за колачиња
  • Можни сценарија
    • Сценарио 1
    • Сценарио 2
    • Сценарио 3
    • Сценарио 4
    • Сценарио 5
    • Сценарио 6
Powered by GitBook
On this page
  • Што плаќате
  • Што добивате
  • За кого е ова добра опција

Was this helpful?

  1. Можни сценарија

Сценарио 5

PreviousСценарио 4NextСценарио 6

Last updated 2 years ago

Was this helpful?

Имате основано фирма во друга држава. Си плаќате персонален данок на доход, паушал во ФЗО и приватно здравствено осигурување. Дел од парите ги инвестирате во фондови и на други пазари.

Што плаќате

Имате еднократен трошок за основање на фирмата. Ќе ја земеме за пример САД, затоа што е најпрактична опција за фриленсери од Македонија. Тоа ќе чини околу 400-500 долари, по што ќе можете да си отворите сметка во банка. Компанијата можете да ја отворите со .

За водење на фирмата ќе ви требаат уште околу 150 долари годишно. Плаќате данок од 0% за фирмата.

Здравственото осигурување ќе ве чини 1600 денари месечно плус околу 13000 денари годишно за приватно осигурување. Тоа се вкупно 32.000 денари.

Во инвеситицките фондови уплаќате колку сакате и кога сакате. Ќе претпоставиме дека плаќате 10.000 денари месечно, што би биле вкупно 120.000 денари за една година.

Што добивате

Пред клиентите настапувате како американска компанија. Можете полесно да ангажирате други фриленсери да ви помагаат во работата. Ваква компанија не плаќа данок (за разлика од македонска, естонска и британска комапнија) и е доста едноставна и евтина за водење.

Исто така, имате сметка во американска (нео)банка и платежна картичка за фирмата. Имате пристап до Страјп, Пејпал, Брекс и други финансиски сервиси кои не се достапни кај нас.

Данок на личен доход плаќате само на парите кои ќе ги префрлите на македонска сметка. Имајте предвид дека како трошоци на фирмата ви се признаваат трошоци за компјутер, сметки за интернет и телефон, ручеци со клиенти, патувања да се видите со клиенти, итн. Овие трошоци можете да си ги покриете со бизнис картичката.

Потоа можете да си испратите пари во Македонија. На тоа плаќате 10% данок.

За жал, не може компанијата директно од САД да ви уплати за здравствено и пензиско осигурување заради ограничувањата во македонската регулатива. Откако ќе ги оданочите парите тука, можете да си уплатите приватно здраветвено и пензиско осигурување.

Приватното здравтвено осигурување овозможува лекување во приватните болници кај нас.

Инвестирањето во инвестицики фондови наместо во државниот пензиски фонд ќе ви донесе речиси двојно поголема пензија и можност да се пензионирате кога вие ќе посакате, а не кога државата ќе одлучи.

За кого е ова добра опција

Ова е добра опција за луѓе кои:

  • сакаат да бидат независни

  • не сакаат да ги трпат ограничувањата посатвени од македонските закони

  • не сакаат да работат со македонските банки (освен кога мора парите да си ги исплатат на лична сметка)

  • сакаат да работат со (нео)банки и финтек компании од светска класа

  • сакаат пред клиентите да настапат како американска компанија

  • не сакаат да уплаќаат пари во државните здравтвени и пензиски фондови

  • сакаат да се лекуваат во приватни болници

  • сакаат парите кои ги уплаќаат за пензиско осигурување да ги трошат за себе без државата да им се меша и да им наметнува колку да плаќаат и кога да почнат да ги трошат

Ако ова е добра опција и за вас, стојам на располагање на petar@neubase.co. Или одете на .

Neubase
Neubase
ДАЈТЕ МИСЛЕЊЕ ЗА СОДРЖИНАТА