💻
FreelanceFrom.MK
  • FreelanceFrom.MK
  • FreelanceFrom.MK
    • За FreelanceFrom.MK
    • Упатство за користење
    • Правила за користење
    • Политика за приватност
  • Позиција на фриленсерите во Македонија
    • Фриленсер според македонските закони
    • Фриленсер - вработен
    • Фриленсер - давател на услуги
    • Фриленсер - бизнис
    • Споредба меѓу фриленсер и вработен
  • Даноци
    • Вовед во даноци
    • Данок на личен доход
    • Митот за 183 дена престој
    • Данок на добивка
    • ДДВ
    • Што ако не платам данок?
    • Што ако до сега не сум плаќал данок?
    • Што ако го пријавам данокот, а не го платам во дадениот рок?
  • Социјално осигурување
    • Придонеси за социјално осигурување
    • Здравствено осигурување
    • Пензиско осигурување
    • Кредитоспособност
  • Примање пари
    • Вовед во примање исплати
    • Банка во Македонија
    • Банка во странство
    • Финтек
    • Провизии на македонските банки
  • Фирма
    • Вовед
    • Основање и водење фирма во Македонија
    • Основање и водење фирма во странство
    • Основање и водење на фирма во Америка
    • Споредба помеѓу јуриздикции
  • Договори
    • Елементи на договорот
    • Договор кога работите на фриленс платформа
    • Фактури
  • Сопствен вебсајт
    • Правни аспекти
    • Услови за користење
    • Политика за приватност и банер за колачиња
  • Можни сценарија
    • Сценарио 1
    • Сценарио 2
    • Сценарио 3
    • Сценарио 4
    • Сценарио 5
    • Сценарио 6
Powered by GitBook
On this page

Was this helpful?

  1. Даноци

Митот за 183 дена престој

PreviousДанок на личен доходNextДанок на добивка

Last updated 3 years ago

Was this helpful?

Во Законот за данокот на личен доход пишува дека даночен резидент е оној кој има живеалиште или престојувалиште во Македонија. Понатаму прецизира дека резидентот има престојувалиште ако престојува во државата најмалку 183 дена во кој било 12-месечен период.

Лаичкото толкување на оваа одредба создава многу заблуди кај фриленсерите и дигиталните номади, а со тоа и стапица. Сметаат дека е доволно да не се во државата 183 дена за да не должат персонален данок на доход во Македонија, но тоа не е точно.

Две работи се битни да ги сфатите:

  • во Македонија имате живеалиште, а не престојувалиште и

  • ако не сте даночен резидент во друга држава (со регулиран престој) и таму плаќате данок, тогаш по дифолт плаќате персонален данок на доход во Македонија, без оглед на тоа колку време сте во Македонија, а околку надвор.

Нема да должите данок во Македонија само ако имате регулиран престој во друга држава и станете даночен резидент таму. Неопходно е во странската држава да имате постојано живеалиште или да имате престојувалиште. Живеалиште и престојувалиште во другата држава е првиот чекор кон исполнување на условите за станување на даночен резидент и таму да плаќате данок.

Генерално, државите бараат од резидентите да престојуваат во државата одреден период за да ги сметаат и за даночни резиденти.

За дигиталните номади има три можни сценарија:

  1. Престојувате во странство со работна дозвола, виза за дигитални номади или некоја друга виза која ви овозможува долг престој (подолг од туристичкиот). Се одјавувате од Македонија во МВР и си пријавувате живеалиште или престојувалиште во другата држава. Штом станете даночен резидент на таа држава (според праговите предвидени во нивните закони), таму ќе си плаќате данок и нема да плаќате данок во Македонија.

  2. Престојувате во странство без виза (затоа што не ви е потребна) или со туристичка виза. Престојувате како турист и немате регулиран престој во другата држава. Со оглед на тоа што не сте даночен резидент на другата држава и се уште имате живеалиште во Македонија, ќе плаќате данок во Македонија без разлика на тоа колку време сте поминале во Македонија, а колку надвор.

Додека имате македонско државјанство, нема како да не плаќате данок никаде затоа што во најмала рака ќе имате живеалиште во Македонија. Праксата е ваква во повеќето држави на светот. Нема држава која на своите граѓани им дозволува само да ја поминат границата и со тоа да ги ослободи од обврските кои ги носи државјанството. Има само држави кои не можат да ги фатат своите граѓани и резиденти кои не плаќаат даноци.

Некои дигитални номади не плаќаат данок никаде, но тоа не значи дека тоа што го прават е легално. Тоа значи само дека се уште не ги фатиле.

Оттука, ако веќе живеете како дигитален номад, паметно е да добиете статус на даночен резидент на држава која:

  • воопшто не наплаќа персонален данок на личен доход (воглавно арапските и карипските земји) или

  • не наплаќа персонален данок на доход на приходот остварен од странство. Таквите држави се надвор од Европа. Најблиску до нас е Грузија, а со содветни приспособувања може да престојувате со 0% данок и во Малта или Португалија. Ако станете даночен резидент таму, ќе должите данок само на приходот остварен во Грузија (од грузиски клиенти). Ако клиентите ви се од Европа и САД, тогаш ефективната даночна стапка ќе дојде на 0%. Слично е уредено и оданочувањето во Малта, со тоа што тамошните власти ги даночат парите кои се повлечени на сметка во Малта. Доколу преминете одредени прагови, тогаш лесно може даночната стапка да оди нагоре. Во спротивно, ефективната даночна стапка на приходот остварен во странство ќе остане на 0%. Ако се селите во Малта и Португалија, добро внимавајте да не се лизнете. Задолжително советувајте се со некој што ги познава состојбите во тие држави.

Престојувате во друга држава со регулиран престој. Во таа држава стекнувате статус на даночен резидент за помалку од 183 дена (Швајцарија, на пример, ќе ве смета за тамошен даночен резидент ако поминете најмалку 90 дена со регулиран престој). Во таков случај можно е истовремено да сте даночен резидент на две држави и да должите данок и во двете. Тоа може да се избегне само ако Македонија и таа држава имаат склучено .

Википедија дава на тоа како се оданочува персоналниот данок на доход низ светот.

договор за одбегнување на двојното оданочување
добар преглед
ДАЈТЕ МИСЛЕЊЕ ЗА СОДРЖИНАТА
Член 5 од Законот за данокот на личен доход