Вовед во даноци

Даноците се контроверзна тема во фриленс круговите. Кружат многу заблуди во врска со нив, така што ќе започнеме со објаснување на основните поими со цел да ја сфатите сопствената позиција во системот.

Што е данок?

Граѓаните на една држава имаат свои заеднички потреби. За да се задоволат тие заеднички потреби, се формира државен апарат (министерства, агенции, јавни претпријатија, итн.). Тој државен апарат добива надлежности да ги администрира заедничките потреби за кои граѓаните ќе одлучат преку својот Парламент, Влада, итн.

За да се извршат доверените надлежности, на државниот апарат му требаат пари. Граѓаните сами ги собираат тие пари на начин што плаќаат даноци и други давачки, како такси, акцизи, и сл. (и државата може да заработи сама ако има ресурси, но тоа не е тема овде).

Данокот а главен извор на приходи кој државата го користи за да прибере средства и да ги заврши работите кои (мнозинството од) граѓаните сметаат дека треба да ги заврши.

Кои даноци треба да ги платат фриленсерите?

Сите фриленсери кои работат од Македонија се должни да платат персонален данок на доход (10% од заработката, вклучително и таа што доаѓа од странство и завршува на Payoneer картичка).

Некои од фриленсерите, зависно од околностите, можно е да треба да платат и:

  • данок на додадена вредност (18% од додадената вредност кон клиенти од земјата доколку прометот го надминува прагот за ДДВ)

  • данок на добивка за сопствената фирма, ако имате фирма и ако е регистрирана во држава во која се плаќа ваков данок, како во Македонија (10% од добивката на својата компанија, доколку ја имате во Македонија, или некој друг процент доколку е основана надвор)

ДАЈТЕ МИСЛЕЊЕ ЗА СОДРЖИНАТА

Last updated